Во 2017 американското Федерално Истражно Биро отворило истрага за поврзаноста на Трамп со Русија , објави Њујорк Тајмс.
ФБИ одреден период по разрешувањето од фунцкија на Коми почнало со истрага за тоа дали Трамп работел со Русија против американски интереси, објави Њујорк тајмс повикувајќи се на свои извори.
Во истрагата се работело на проценка дали Трамп е закана за националната безбедност и дали намерно работел со Русија или имало само „случајно“ влијание на Москва.
Извори на весникот тврдат дека некои од највисоките безбедносни официјални лица биле особено сомничави за врските на Трамп со Русија за време на претседателската кампања во 2016 година, но тогаш не покренале истрага бидејќи се разгледувало како да се пристапи кон „толку чувствителна и важна истрага“.
Истрагата почнала откако Трамп го разреши Коми. Во написот на Њујорк тајмс не се нагласува дали таа истрага се уште трае. Специјалниот обвинител Ромерт Малер и понатаму работи на истрага за можно руско мешање.
Comments are closed for this post.