Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани, со денешното усвојување на уставните измени, се испиша ново, историско поглавје, се заврте нова, светла страница на историјата на нашата татковина.Се отвори перспектива за сигурна иднина за државата и граѓаните, за остварувањето на врвните стратешки приоритети – членството во ЕУ и НАТО станува реално и извесно, стои во партиското соопштеие.
Упатуваме честитки и до сите пратеници кои ја презедоа одговорноста за иднината и водејќи се од интересот на сите граѓани го поддржаа процесот на имплементација на Договорот од Преспа во Собранието, кој финишираше со уставните измени.
Македонското општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена.
СДСМ е благодарна за поддршката од граѓаните, невладините организации, меѓународните пријатели и сите поддржувачи на интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ.
Comments are closed for this post.