И генералниот секератар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва на Твитер ја поздрави одлуката да се пристапи кон уставни измени.

Го поздравувам гласањето на Парламентот во Скопје за предложените уставни измени. На владините и политичките лидери е да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја искористат оваа историска можност да ја доведат земјата во НАТО, напиша Столтенберг на Твитер.