Полициските службеници на аеродоромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид уапсиле албански државјанин, којшто се обидел да ја напушти Македонија со лажна италијанска лична карта.
Станува збор за 26-годишен Албанец со иницијали К.Г., кој сакал да влезе во авион со италијанска лична карта издадена на 28-годишно лице од Наполи. При контролата, било утврдено дека тој документ бил фалсификат.
По извршениот преглед на неговиот багаж била пронајдена неговата вистинска лична карта на име К.Г. (26) од Тирана, Албанија.
Албанскиот државјанин бил приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Comments are closed for this post.