Барањата на дел од албанските партии не се во насока на нашите заложби за зачувување на македонскиот идентитет, изјави за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова, која е дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Меѓутоа, Александрова потенцира дека конечниот став ќе биде изграден по завршувањето на најавените средби меѓу премиерот Зоран Заев и лидерите на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, и на Беса, Биљал Касами.
Села и Касами ги условуваат нивните гласови за уставните измени со исполнување на нивното барање, терминот македонско да се избрише од документите за државјанство.
Александрова за денеска најави средба на независната пратеничка група.
Да не брзаме, да почекаме да видиме како ќе завршат најавените средби, по што ние ќе излеземе со конечен став, вели Александрова за Пресинг Тв.
Comments are closed for this post.