Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека повлекувањето на САД од Сирија мора да биде внимателно испланирано и со вистински партнери, истакнувајќи дека Турција е единствената држава, која има моќ и е подготвена да ја изврши таа задача.
Ердоган посочи дека Турција може да ја има таа улога поради тоа што единствена во Сирија може да работи и со САД и со Русија.
Според турскиот претседател, по воениот пораз на Исламската држава, првиот следен чекор во Сирија е да се создадат сили за стабилизација во кои ќе се најдат сите чинители на сириското општество.
Comments are closed for this post.