Иако беше најавена, денеска нема да има нова средба помеѓу лидерот на Беса, Билал Касами и премиерот Зоран Заев за тоа дали албанската опозициска партија ќе даде поддршка за уставните измени.
Наместо лидерите, средби ќе имаат претставници од двете партии, а од Беса како име кое ќе преговара се споменува потпретседателот Кастриот Реџепи.
Минатата недела владата излезе со штуро соопштение во кое не беше наведено дали двете страни стојат на своите позиции или има поместување.
Од Беса отворено брифираат дека за да дадат поддршка за промена на Уставот бараат од делот за државјанствата да се тргне делот каде стои „македонски“ и да остане само „граѓанин на Република Северна Македонија“.
Покрај тоа од Беса бараат Македонскиот народ да не биде привилегиран од останатите во Преамбулата, но и Албанскиот јазик да да биде службен јазик на цела територија.
Беса има цврст став дека без овие услови нема да дадат поддршка со што двотретинското мнозинство е доведено во прашање. Беса и Алијансата за Албанците заедно имаат четири пратеници.
Наместо со Села, Заев денеска попладне ќе има средба со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. И неговите услови се речиси идентични како оние на Беса,
Третата, финална фаза за промена на Уставот , за што ќе бидат потребни 80 пратеници започнува утре.
Comments are closed for this post.