Двајцата потпретседатели на италијанската влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, изразија поддршка за движењето „жолти елеци“ во Франција, коешто пд 17 ноември протестира против општата државна политика на францускиот претседател, Емануел Макрон.
Жолти елеци, не попуштајте – напиша Ди Мајо, лидерот на антиестаблишмент движењето „Пет ѕвезди“, на блогот на неговата партија.
Поддршка за „жолтите елеци“ искажа и Салвини, претседателот на екстремно десничарската партија „Северна Лига“.
Ги поддржувам сите чесни граѓани, коишто протестираат против претседателот кој владее против својот народ – изјави Славини, додавајќи силно го осудува насислтвото што изби при последните протести во Франција.
Осуда за насилството на протестите искажа и Ди Мајо, кој оцени дека владата на Макрон не е на висина на очекувањата на францускиот народ и додаде дека одредени одлуки на Франција може да влијаат и на цела Европа.
Според неговите зборови, француската влада, како и многу други влади, делува како да постои само за да ги претставува интересите на елитата и привилигираните, а не интересот на народот.
Ди Мајо истакна и дека во Италија таквата пракса е променета и ги повика француските „жолти елеци“ да го направат тоа и во нивната земја.
Се раѓа нова Европа, а тоа е Европа на жолтите елеци, на граѓанските движења и директната демократија. Тоа е тешка борба којашто мораме да ја водиме заедно – истакна Ди Мајо, повикувајќи ги „жолтите елеци“ да не се отакажуваат.
Comments are closed for this post.