Најмалку двајца членови на екипажот го загубија животот во потонатиот брод во Црно море, во близина на градот Самсун.
Од потонатиот брод, кој пловел под панамско знаме, спасени се седуммина членови на екипажот, а се бараат уште четворица.
На бродот, кој превезувал јаглен од руското пристаниште Азов, имало вкупно 13 членови на екипажот.
Во спасувачката операција, која беше покрената откако бродот испратил сигнал за помош, учествуваа три хеликоптери, два чамца и еден авион.
Причината за потонувањето и натаму не е позната, а турските медиуми јавуваат дека бродот се преполовил.
Comments are closed for this post.