Неколку летови на меѓународниот аеродром во украинскиот град Лавов беа одложени откако патнички авион на „Туркиш ерлајнс“ излета од пистата, околу која имаше многу снег, додека се подготвуваше да полета кон Истанбул.
Во соопштението од аеродромот се наведува дека ниту еден од 59 патници и шестте членови на екипажот не се повредени во инцидентот.
Исто така се наведува дека не е причинета поголема штета на авионот.
Поради инцидентот, беа одложени се летовите кон Турција, Полска, Германија, Италија, Египет и Велика Британија.
Аеродромот ги прави сите напори за наскоро да продолжи со работа – се наведува во соопштението од аеродромот.
Неколку часа по незгодата, беше повторно воспоставено нормалното функционирање на аеродромот.
Comments are closed for this post.