Скијачката сезона на Попова Шапка почнува од утре, а скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители.
Од ЕЛЕМ Турс информираат дека скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините
За утрешното скијање во функција ќе биде ставена жичарницата – „Церипашина” и ски – лифтовите „Аеродром” и „Ге”. Нивниот капацитет изнесува околу 1.800 скијачи за еден час, велат од ЕЛЕМ Турс.
Од сезонава принципот на влегување на патека ќе биде исклучиво електронски. Од претпријатието велат дека со тоа очекуваат дека ќе се намали гужвата на жичниците и ски лифтовите.
За двоседот „Св. Илија” во тек се финалните работи од завршната фаза по инсталирање на опремата за контрола и управување на жичницата. Оваа жичница ќе биде ставена во функција дополнително, порачуваат од ЕЛЕМ Турс.
Скијањето утре ќе биде бесплатно, а веќе од следниот ден, дневната ски карта ќе чини 900 денари. Цените ќе важат до крајот на сезоната.
Comments are closed for this post.