Претседателот на Владата, Зоран Заев, оствари средба со петседателот на партијата „Беса“ Билал Касами, на која разговараа за барањата на „Беса“ во процесот на уставните измени.

Како што информираа од владината прес-служба, Заев и Касами договориле уште едно видување што треба да се одржи најдоцна до вторник, кога треба да има работна група составена од претставник од Кабинетот на Премиерот, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, и претставници од раководството и пратениците од „Беса“.

На таа средба детално ќе бидат разгледаат предлозите на партијата предводена од Касами и ќе треба да бидат дефинирани конечните позиции.