Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. На таа локација ќе биде изградена фотоволтаична централа во која ќе бидат ангажирани околу 1000 вработени во „Осломеј“ откако ќе поминат содветна едукација.
Инвестицијата изнесува седум милиони евра, од кои 5,9 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите сопствени средства на ЕЛЕМ.
Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Аншѓушев, ова е пример како веќе заборавен објект како Олсомеј кој скоро и да не работеше во последните години ќе се претвори од загадувачки во еколошки капацитет за производство на електрична енергија.
Премиерот Зоран Заев исто така оцени дека се работи за исклучително еколошки проект заради тоа што преку државна инвестиција се става во функција сонцето како огромен ресурс.
Во енергетскиот сектор за годинава се најавени меѓу 250 до 300 милиони евра инвестиции. За првиот квартал се најавува почеток на распишување тендери за 200 мегавати инсталирани капацитети во фотоволтаици и на државно и на приватно земјиште. Со ЕБРД веќе се подготвува тендерската постапка. До крајот на годината треба да биде распишан и нов тендер со премиум тарифи за ветерен парк до 50 мегавати.
Ќе почне и изградбата на далекуводот кон Албанија кој ќе чини околу 50 милиони евра, а ќе се испроектира и гасоводот кон Грција којшто ќе ги поврзе Македонија и Грција. Имајќи ги предвид овие проекти веќе имаме инвестици од над 250 до 300 милиони евра во енергетиката, најави Анѓушев.
Comments are closed for this post.