Опозицијата ја обвини власта дека удрила по една од најчесните, но најранливи категории, со воведувањето мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари.
Според Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ со мерката ќе бидат засегнати една третина од оние кои тргуваат на зелените пазари, односно најмалку 20.000 луѓе.
Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари! Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите, рече Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека во услови на девастирано земјоделие, се удира по ситните производители, земјоделците, и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома.
Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! За оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделие. Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 ранливите граѓани, потенцира Стоилковски.
Тој додава дека мерката е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Стоилковски вели дека според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход.
Comments are closed for this post.