На 4 февруари, годинава ќе се отворат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.
Станува збор за јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Покрај овој критериум, еден од главните критериуми е за вакцините да се приложат сертификати од надлежни домашни, но и меѓународни институции.
Владата им нареди на градинките да не примаат невакцинирани деца, а најавени се и кривични пријави за родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца.
Родителите на невакцинираните деца револтирани од ситуацијата преку социјалните медиуми порачуваат да престанат властите со заплашувања, тензии, лажно-пласирани информации за лични интереси.
Ете ја причината за прогласување епидемија. Лапање тендер од 10,7 милиони евра, пишува една мајка.
Преку фејсбук групи се организираат за протести пред министерството за здравство под мотото „Стоп за ВакциNAZIзмот“, бидејќи како што пишуваат во групите вакцинацијата и прогласувањето на епидемија од морбили е само чист бизнис.
Се закануваат и дека ќе повикаат на граѓанска непослушност – неплаќање данок, а најавуваат и дека ќе отворат градинки и училишта.
Родителите на невакцинирни деца од вашата фашистичка Македонија повеќе нема да ви плаќаме данок, нема повеќе да ги користите нашите пари за милионските тендери за купување најевтни ѓубриња од вакцини. Нема повеќе да ви дозволиме да ги користите нашите сопствени пари за наше угнетување!Ќе покрениме и ќе се ангажираме во изготвување на проект и бизнис планови за отварање на Валдроф градинки и училишта во Македонија, каде дечињата не се малтреирани од вашите фашистички војници, туку нежно се работи на развивање на нината личност и вистински спообности. Каде не се хранети со вашата отровна процесирана храна туку со органски произведено овошје и зеленчук! , му порачуваат родителите на министерот Венко Филипче преку социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.