Граѓанската активистичка матрица Бојкотирам, на денешната прес-конференција ја објави својата кампања против референдумумот, кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година. Начинот на кој ќе делуваат како што велат ќе биде преку ненасилна борба, активен отпор и жесток општествено политички пркос.
Од Граѓанската активистичка матрица Бојкотирам порачаа граѓаните да го бојкотираат, како што кажаа, неуставниот референдум. Да не излегуваат на гласање со цел да се заштити уставното име на Република Македонија и да се заштити идентитетот на македонската нација.
Од активистичката матрица Бојкотирам, најавија централен Бојкотирам собир „Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!” во Скопје на 27-ми септември во 19:00 часот пред Собранието.
Comments are closed for this post.