Референдумот е прозорец што ретко се отвора и треба да го искористите. Зависи од раководствата во Македонија и Грција, но најмногу зависи од вас што ќе одлучите, порача германскиот европратеник Кнут Флекенштајн на дебатата на тема „European Values for Macedonian Future“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, што денеска се одржа на Правниот факултет Јустинијан Први.

Не можам да ви кажам дали референдумот е вистински чекор или не. Имате само неколку моменти да одлучите за најголемата можност што ви се нуди. Не ме разочарувајте. Ако ја испуштите оваа шанса ќе чекате десетици години. Нема да ви кажам што да правите, но барам да не ја испуштате оваа можност. Размислете што ќе се случи ако во Грција има избори и победи Нова демократија, им рече Флекенштајн на присутните на дебатата.

Чекавте, нагласи, 27 години и да сум на ваше место не би прфатил ризик.

Верувам дека Западен Балкан припаѓа на Европската унија, а не само географски во Европа. Тоа не е така заради аспирациите на Русија или Турција, туку  заради демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата која е во интерес на сите. Влегувањето во овој клуб не е во интерес само на вас, туку и за нас заради бизнисот што сакаме да го правиме со вас. За претприемачите е многу битно да владеат исти закони секаде за бизнисот да биде предвидлив и да нема бирократија. А, и на обичниот народ не му е битно кога ќе почнат преговорите, туку кога ќе почне да му се подобрува животот. Затоа треба да му дадеме тоа што му треба, рече Флекенштајн

 

Изјава Адеми Флекенштајн

Posted by MИА.mk on Среда, 19 септември 2018