Во градот Вилц во северен Луксембург, маж со автомобил се забил во група пешаци, при што загинал неговиот двогодишен син. Во инцидентот повредени се уште четири лица, вклучувајќи и мало дете кое има полесни повреди, изјавил јавниот обвинител.
Истражителите се сомневаат на семејна расправија бидејќи меѓу повредените е и поранешната девојка на сторителот.
Според сведоците, 47-годишниот маж 47 намерно со автомобилот се забил во групата пешаци кои стоеле на тротоарот. Меѓу повредените биле две мајки со колички и уште еден пешак, изјавил портпаролот на обвинителот.
Comments are closed for this post.