Во интервју за Пресинг ТВ, професорот Жидас Даскаловски потенцира дека одлуката на Уставниот суд е фрапантна и изненадувачка во смисла на тоа дека судиите сепак треба да се врвни правници и да го почитуваат правото.

Но, во Македонија, според него, многу нешта се под влијание на политичките околности, па и оваа одлука.

За одлуката, но и за претстојниот референдум, за кампањата, за Договорот и уставните промени, разговаравме со Даскаловски.