За скопските рибари меракот секогаш бил поголем и поважен од постновогодишното трезнење и одмарање. Без оглед на временските услови, Вардар е примамлив.
Дури и ваков каков што е деновиве, со помалку вода од вообичаено за овој период од годината, во него има места каде скопските рибари си ја пробуваат рибарската среќа. Во вода, на „мини-островчиња“ или на брегот, се едно. Важно е да се проба во новата година и рибата „да гризе“.
Comments are closed for this post.