Писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј испратил патријархот на Москва, Кирил, во кое го повикува да не учествува „во политичка авантура“ со легализирање на „шизматичка“ Украина.
Како што пренесуваат медиумите, во суштина патријархот Кирил предупредува дека вклученоста во прогласување афтокефалност на нерегуларна религиозна структура ќе стави крај на приматот на Екуменската патријаршија (и на Вартоломеј) на православниот свет.
„Разговарав со вас приватно и пред неколку сведоци за планот на Црквата во Цариград да ја легитимира шизмата на Украина. Сега, кога плановите всушност се остваруваат, можеби за последен пат се обраќам до вас и до целиот правослеван црковен свет…Ве молам, да се одвратите од шизматичкото општетство и да одбиете да учествувате во политичка авантура со легализацијата“, стои во писмото на патријархот Кирил објавено на интернет страницата на Руската православна црква.
Владиката Кирил истакнува дека „се надева оти Вартоломеј нема да ја пропушти можноста да и служи на Светата Господова црква…и оти нема да биде првиот кој ќе дозволи да се отцепат стотици милиони верници…се молам со целото мое срце дека ова нема да се случи“, се наведува во писмото.
Дали ова е чекор кон одвојување на Руската црква од Цариград останува да се види, но многу е изгледно дека православниот свет се движи кон голем раскол.
И покрај ова директно писмо, вселенскиот патријарх Вартоломеј (Грк по потекло) потврди денес дека има намера на 6 јануари да го издаде томосот за афтокефалност на украинската црква притоа тврдејќи дека „тоа ќе биде голем и историски настан“.
Comments are closed for this post.