Зоран Заев мора да каже што договорил и што прифатил да се избрише од Уставот согласно прифатените грчки услови во Капитулацијата. Мора да каже каква „Непријатна измена“ подготвил на Уставот на Република Македонија и за каква држава ги тера граѓаните да гласаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се додека не кажат и го кријат Заев од дебата, плашејќи го народот со иднината, тие со лага ве водат кон бришење на идентитетот и креирање новокреирана вештачка нација во нова држава без историја, на територијата на капитулираната држава Република Македонија!“, обвинија од опозициската партија.
Comments are closed for this post.