Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз, Јилдирим Демирорен, изрази надеж дека УЕФА ќе и ја додели на неговата земја организацијата на Европското првенство во 2024 година.

Главен противкандидат за добивање на ЕУРО 2024 на Турците им е Германија.

Во Турција се изградени многу модерни стадиони, за разлика од стадионите во Германија, коишто се стари и „истрошени“.  Со право се надеваме дека ќе ја добиеме организацијата, вели првиот човек на турскиот фудбал.

Досега Турција не била домаќин на ЕП, а во случај да го добие, тоа би се играло на 10 стадиони во девет градови.

УЕФА одлуката ќе ја донесе за состанокот во Нион закажан за 27 септември.