Поранешниот тренер на Манчестер jунајтед Алекс Фергусон ќе присуствува на денешната тренинг сесија на тимот, објавија британските медиуми.

Според „Дејли мејл” тој бил повикан од тренерот Оле Гунар Солскјер, кој играше за тимот под водство на Фергусон.

Тој, наводно, би требало да биде советник на новиот менаџер Солскјер.

Воедно, Алекс Фергусон, како што наведува „The Sun“ повлекол врски во клубот да се врати Мајк Филан, неговиот поранешен асистент, кој сега е „број два“ во штабот на Солскјер.


Според извештаите на медиумите, 76-годишниот Шкотланѓанец имал голема улога во назначувањето на Норвежанецот на тренерското место.

Манчестер Јунајтед во натпреварот од 20. коло од шампионатот на Англија го пречекува Борнмут.