Пентагон и коалицијата против ИСИС предводена од САД соопштија дека не се точни информациите дека силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад влегле во Манбиџ.
Коалицијата преку социјалните мрежи соопшти дека не е точно дека дошло до промена во однос на военото присуство во Манбиџ во Сирија.
И покрај неоснованите тврдења за промена на воената моќ во областа Манбиџ во Сирија, коалицијата не пронајде никаков доказ за нивна потврда. Ги повикуваме сите страни да покажат почит кон територијалниот интегритет на Манбиџ и безбедноста на неговите жители, стои во соопштение на колицијата против ИСИС, кое го цитира агенцијата Анадолија.
Изјава за Анадолија дал и официјален претставник на Пентагон, кое сакал да остане анонимен и рекој дека не е вистина оти во Манбиџ влегле сили на режимот на Асад.
За тврдењата дека силите поврзани со Асад се насочиле кон Манбиџ или дека сакале да влезат во тоа подрачје, анонимниот претставник од Пентагон одговорил: „Нема да коментирам за маневрите што ги прават други сили”.
Comments are closed for this post.