Шпионски американски авион „MC-12 liberti“ веќе неколку денови е во Косово и патролира во деловите со српско население. Ова го тврди воениот аналитичар Мирослав Лазанки кој важи за добар познавач за состојбите на Балканот.
Според него, авионот собира податоци за состојбата на Северот посебно за административните премини.
Ова летало американците го користат само за најважните мисии во светот.
САД имаат 13 вакви авиони. Се користат за набљудување, извидница и разузнавачка дејност. Може да патролира и дење и ноќе. Постои од 2009 година и има пилот,копилот и двајца оператори-објаснува Лазански.
Comments are closed for this post.