Шеснаесет граѓански организации, пак, споени во иницијативата „Не во мое име” денеска до претседателот на Собранието Талат Џафери и до пратениците кои се предлагачи на измените на Кривичниот законик бараа да се повлечат од дневниот ред на седницата, бидејќи, како што рекоа, ја оневозможуваат правдата.
-Бараме итно повлекување на точката од денешната седница во 15 часот, точката со која што треба да се направи промена на Кривичниот законик со што некои од членовите во Законот ќе овозможат дел од обвинетите или најголем дел од обвинетите во случаите на СЈО да имаат намалени казни или нивните казни, односно обвиненија да застарат, порачаа тие во изјава за медиумите во собранискиот прес-центар.
Очигледно, додадоа, ни се повторува она што го имавме и со претходната власт.
-Граѓанските организации се многу огорчени од овој чин на политички преговори, манипулации во заден час пред истекот на старата година да се прават вакви измени. Сметаме дека е неприфатливо Кривичниот законик да се менува по скратена постапка и сметаме дека е неприфатливо да се прават какви било промени на овој и на други закони со кои ќе се оневозможи правдата и со кои принципот на неказнивост и амнестирање заради криминал и корупција ќе продолжи и понатаму, порачаа од иницијативата „Не во мое име”.
Comments are closed for this post.