Првата дама на Америка, Меланија Трамп често пати е на мета на критичарите заради своите необични модни избори.

Така беше и синоќа, на враќање од Ирак, Меланија за патувањето облече смарагднозелен капут и кожни панталони кој се скоро исти како бојата на нејзината кожа, па на прв поглед се чини дека е гола.

„Ова навистина е минијатурна сукња!“ напиша една корисничка на Твитер споделувајќи го видеото во кое Трампови излегуваат од авионот.

„Изгледаше како Меланија да не носи панталон се додека наборите од ткаенината не станаа видливи. Тоа го направи намерно?“ се прашува друга корисничка на Твитер.


Освен тоа, Меланија носеше балетанки во иста боја кои исто така предизвикаа создавање на ваквата илузија.