Адвокатите на Кевин Спејси се обиделе да го соборат обвинението за сексуален напад наводно сторен од актерот, тврдејќи дека било невозможно да се случи такво нешто во само три минути.  Агенциите јавуваат дека адвокатите на актерот познат и по серијата „Куќа од карти минатата недела се појавиле во судница со цел да издејствуваат обвинителите да го повлечат обвинувањата заради несоодветни докази. Меѓутоа, како што објави „Бостоин глоуб“ кој добил копија од судскиот записник, адвокатите не биле доволно уверливи.

Адвокатите на Спејси како аргумент го изнеле податокот дека наводната жртва на нападот во тој момент имал 18 години, не известил за нападот веднаш, или наредниот ден, туку по една година. Потоа, тие тврдат дека жртвата кажала оти има 23 години, односно лажел, како и тоа дека вечерта кога во еден бар се сретнал со Спејси, испил повеќе пијачки, меѓу 8 и 10. Одбраната на актерот, исто така, аргументирала дека ако е точно дека Спејси три минути го галела, зошто тој не реагирал за да го спречи.

Но, аргументите на адвокатите не се прифатени, па Кевин Спејси е обвинет кривично за сексуален напад и насилство.