Премиерот Заев во врска со спроведувањето на мерката „младинска гаранција“ појасни дека од спроведувањето во трите општини во Македонија, веќе има 1200 вработени млади луѓе, дека огромен број од младите користат дообразование или се вклучени во тренинзи и дека следната година ќе биде проширена и во други општини.
Дава резултати во Европа, ќе дава и кај нас, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, посочи дека конкурсите за вработување се спроведуваат транспарентно, дека во последните неколку месеци се отворени околу 47.000 работни места, најмногу во приватниот сектор и дека очекува следната 2019 година видливо да се намали бројката невработени.
Тој исто така, во одговор на пратеничко прашање, рече дека Македонија се развива низ концептот Едно општество за сите, дека денес повеќе се грижи за сите граѓани, дека дава шанси на граѓаните од сите етнички заедници и еднакво се вложува и во развој на регионите во Македонија, независно од етничката припадност на населението.
Comments are closed for this post.