Советот на општина Лебан во Србија го усвоила планот и програмата за Туристички организации на Лебан за 2019 година во кој се предвидува и набавка на две камили.
Инаку, општината Лебан е една од најсиромашните во Србија и нема зоолошка градина. Еден од општинските претставнци, неофицијално на медиумите им рекол дека камилите се купуваат за развој на туризмот поврзан со археолошки локалитет Царички град.
Планот е на туристите да им се понуди обиколка на локалитетот на камили, со оглед на тоа што археолози пред неколку години на локалитетот Царички град, пронајдоа коски од камила, изјавил советникот.
Меѓутоа, Царичин е град под заштита на државата, а со него управува Народниот музеј на Лесковац од каде, исто така неофицијално, рекле дека на тој локалитет со три големи мозаици може да стапне само човечка нога.
На советниците на општина Лебан не им е предочен трошокот за набавката н акамил, меѓутоа, позната е нивната цена на пазарот, отприлика околу 3000 евра, со тоа што и за транспортот на животните се плаќа истата сума.
Comments are closed for this post.