Добар дел од македонските граѓани ќе работат за новогодишните и божиќните празници. Искуството од досега покажува дека работниот ангажман за време на празници и викенди не им е дополнително платено од страна на работодавачите.
Според законската регулатива доколку одговорните лица во приватниот и државниот сектор одлучат да ги ангажираат своите вработени за време на државни празници кои што се прогласени за неработни денови согласно закон, тие тоа треба да го пријават во Трудовата инспекција, а на вработените да им исплатат празнична дневница.
Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови, работникот има право на дополнителен надомест на плата, но зголемена за 50% токму за деновите кога биле неработни.
Доколку работодавецот не го испочитува законот, а при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваквата дневница не била исплатена, тогаш следи казна за работодавецот од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.
Comments are closed for this post.