Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до сите верници од католичка вероисповед, во негово лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, по повод празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање – Божиќ.
Мицкоски истакнува дека Божиќ е најсветиот христијански празник кој го празнува раѓањето Христово, најсветол ден во животот на секој христијанин, празник кога се негуваат убавите мисли и дела и дека почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој треба сите да се стремат.
Се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни препреки во нашето општество. Повеќе од било кога во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите, и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи.
Ваквите празнични моменти носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека божиќната радост треба да биде споделена, со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето – стои во честитката на Мицкоски.
Дозволете ми на сите верници од католичка вероисповед, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви упатам искрена…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, December 25, 2018
Comments are closed for this post.