Претседателот на Собранието, Талат Џафери испрати честитка до граѓаните од католичка вероисповест и православните коишто го празнуваат Божиќ. Во честитката, Џафери им посакува на граѓаните да го поминат опкружени со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите.
Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да го честитам големиот празник Божиќ на сите граѓани кои го слават по Грегоријански календар и воедно, да им посакам празникот да го поминат опкружени со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, топлина во семејството и напредок и благосостојба за вас, за вашите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија – вели Џафери во божиќната честитка.
Почитувани граѓани на Република Македонија,
Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на…
Posted by Talat Xhaferi on Tuesday, December 25, 2018
Comments are closed for this post.