При полициска акција изведена во Скопје и во Битола, кај две лица се пронајдени повеќе од 52 илјади парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго.
Како што соопштија од МВР, по целосно документирање на случајот против 29-годишниот Р.Е. од Скопје и 36-годишниот А.Н. од Битола ќе бидат поднесени кривични пријави за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Од полицијата велат дека ќе продолжат со мерките и активностите со цел санкционирање на вакви кривични дела.
Comments are closed for this post.