Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на Кривогаштани од каде објави и Фејсбук статус каде вели дека жителите таму се заборавени од власта.
-Штотуку бев во Кривогаштани. Таму луѓето велат дека се заборавени од власта, таа не ги решава проблемите. Ниту доаѓаат, ниту нешто работат за нас граѓаните, а животот е се потежок, велат тие. Црнилата за кои зборувам ги има и во Кривогаштани. Земјоделците се измамени од власта и разочарани. Дополнотелно се притисоците кои ги прават. Власта треба да знае дека секој обид за агресија резултира со уште поголема мобилизација кај народот. Секој притисок резултира со поголема пркост. Секоја злоупотреба разголува каква недемократска власт се. И треба да знаат Македонија е вечна, а власта не е. И додека ракописот на Заев стои зад колективната несреќа на народот, ни викаат дека годината што следела ќе била економска, јас велам ќе биде црна, уште поцрна од оваа. Можеби најцрна. И додека да почнеме да ја живееме наредната година, фактите за оваа што изминува го говорат следново:
60 осто од луѓето немаат нормален живот и живеат на границата на длабока сиромаштија.
Нема зголемување на платите и пензиите, но затоа се зголемуваат даноците. Даноците ќе
им одземат во име на државата пари не само на богатите, туку и на договорците,
земјоделците, оние со авторски договори, средства од изнајмување на некаков наследен простор и објект. Ќе го поскапат животот, а парите ги нема никаде.
Даноците ќе ги поскапат, а живот ветуваа.1/3 од граѓаните не може да си дозволат лекар, ама мора 62 посто да си платат за лековите зошто ги нема во аптеките. Докторите ги ставија на маргините, а пациентите ги губат животите.
Удираат по пазарџиите, ама за пратениците понудија дополнителни бенефиции.
И додека нема никаков напредок кон ЕУ, не сврстија со Танзанија и Етиопија по високиот индекс за корупција.
Наспроти овие црнила ќе дојде зора.
Зората ќе донесе успех!
Зора која ќе донесе ново утро, нова надеж, добрини и подобри времиња. Оваа зора е за Македонија!, стои во статусот на Мицкоски.
Comments are closed for this post.