ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи протестен марш во Прилеп.
Ве повикуваме сите, секој оној кој што е револтиран за било што од оваа влада такви ги има многу, се повеќе и повеќе да протестираме заедно се до конечно паѓање на оваа ненародна и криминална власт на СДСМ-стои во повикот.
Во најавата наведени се главните причини за протест
1. Протестираме затоа што се против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив.
2. Протестираме затоа што сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување.
3. Протестираме затоа што сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира.
Comments are closed for this post.