Еден од најдобрите фудбалери на Европа во последните две децении, легендарниот Англичанец Дејвид Бекам сака да биде првиот фудбалер кој ќе замине во вселената.

Желбата најверојатно ќе му се исполни.

Британскиот „ The Sun“ пренесе дека познатиот фудбалер  води сериозни преговори во врска со заминувањето во вселената.

Дејвид Бекам дури планирал и да шутне фудбалска топка во вселената.

Британските медиуми пренесуваат дека најпознатиот британски фудбалер  е многу нервозен поради сето ова и дека не му е сеедно . Извештајот наведува и дека фирмата „ Virgin Galactic“ е подготвена да го спонзирира патувањето на Бекам во вселената.

Сопственик на компанијата „ Virgin Galactic“ е милијардерот Ричард Бренсон кој воедно има план да развие вселенски туризам.