Како и многу актерки досега и 49-годишната Кетрин проговори за тоа колку е тешко да се биде жена во светот на Холивуд.

Како што пренесува „In Style”, Зета Џонс изјавила дека жените и понатаму мораат да се носат со поголеми притисоци од мажите.

„Оваа работа е многу тешка, особено  за жените. Ние не смееме  да добиеме ниту едно бело влакно. Ништо не се промени досега. Можеме да се преправаме дека денеска ситуацијата во Холивуд е поинаква, но не е. Социјалните мрежи направија чекор понатаму бидејќи се изгледа подобро и поубаво отколку што всушност е“ – изјавила сопругата на славниот актер Мајкл Даглас.