Режисерот на култниот научно-фантастичен серијал „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас е најбогата џет-сет ѕвезда во САД. Во рангирањето што го направи реномираниот магазин „Форбс“, Лукас е на првото место со богатство од 5,4 милијарди долари.

Како што пишува магазинот, главниот извор на неговото богатство е продажбата на продуцентската куќа „Лукасфилм“ на „Дизни“ за 4,1 милијарда долари во 2012 година.

Веднаш зад него на листата се наоѓа уште еден прославен режисер, Стивен Спилберг, чие богаство изнесува 3,7 милијарди долари.

По двата режисера, на третото место се наоѓа најбогата женска ѕвезда, Опра Винфри, која на својата сметка има 2,8 милијарди дилари.

Четвртото место го држи поранешниот кошаркар Мајкл Џордан со 1,7 милијарди. Џордан годинава го зголеми своето богатство за 1,7 милијарди, претежно преку уделот во продажба на патики и друга спортска опрема од брендот „Најки“, но и од зголемувањето на вредноста на НБА тимот Шарлот хорнетс, чијшто сопственик на 90% од акциите е токму Џордан.

Петта на оваа листа, но и единствено ново име во однос на претходното рангирање е Кајли Џенер, чие богатство изнесува 900 милиони, со што 21-годишната инфлуенсерка на социјалните мрежи има шанса во скоро време да стане најмладиот милијардер во историјата.

На делба на петтото место со Џенер се наоѓа музичкиот могул Џеј Зи, кој само годинава заработил околу 90 милиони.

Како што пишува „Форбс“, кумулативното богаство од 18, 7 милијарди долари на десеттемина најбогати е најголемата сума откако „Форбс“ ги прави овие годишни рангирања и е зголемување од четири отсто во однос на 18 милијарди колку што „вредеа“ најбогатоте 10 ѕвезди од американскиот џет-сет.

Листа на најбогатите познати личности:

1. Џорџ Лукас – 5,4 милијарди долари
2. Стивен Спилберг – 3,7 милијарди долари
3.Опра Винфри – 2,8 милијарди долари
4.Мајкл Џордан – 1,7 милијарди долари
5.Кајли Џенер – 900 милиони долари
6. Џеј Зи 900 милиони долари
7. Дејвид Коперфилд – 875 милиони долари
8.Пи Диди – 825 милиони долари
9.Тајгер Вудс – 800 милиони долари
10. Џејмс Патерсон – 800 милиони долари