Путин влегува полугол во ледено студена вода за време Водици… Путин лови риба, исто полугол… Путин гали куче… Путин вози велоспед… Путин игра хокеј… Путин крева тегови… Овие слики ги красат ѕидовите на многу Јапонци… Ама и Јапонки.
Календарот со Путин убедливо растура во Јапонија, засенувајќи ги дури и домашните неверојатно популарни ѕвезди од спортот, но и од поп-културата.
Putin Calendars Outselling Those of Japanese Stars in Japan https://t.co/WqXekLLWvi pic.twitter.com/Xo8v3updtC
— Russia Insider (@RussiaInsider) December 17, 2018
Популарниот ланец продавници „Лофт“, кој продава разна покуќнина и предмети за домаќинство, и има ексклузивно право на календарот со 66-годишниот руски претседател, вели дека Путиновиот календар убедливо доминира во продажбата, и тоа низ цела Јапонија. Од компанијата соопштуваат дека во септември почнале да продаваат календари со „низа славни луѓе“, но никој не успева да продаде ни близу колку што успева Путин.
500RT:【大人気】プーチンカレンダーがロフトで売上げ1位!羽生結弦や田中圭を抑えhttps://t.co/BmWLqdObSc
「著名人カレンダー」で全店舗合計1位に。購入層は若い女性といい、犬を溺愛する姿などのギャップが人気だそう。 pic.twitter.com/9enrac5Ti1
— ライブドアニュース (@livedoornews) December 12, 2018
2019 Putin calendar anyone? 😳
Sunbathing ✅
With an umbrella ✅
In a bath ✅
With binoculars ✅
Playing ice hockey ✅
Scuba diving ✅
With dogs in the snow ✅
It’s all there… 12 months a year pic.twitter.com/emPLNRD7j7— Dan Walker (@mrdanwalker) July 1, 2018
„Лофт“ продава календар со Путин веќе трета година, токму поради популарноста. Во календарите од минатите години, сега вклучен е и најновиот за 2019-та, во кој, на пример, го има Путин додека игра во снег со своето куче Јуме (на јапонски значи „Сон“) од расата акита ину од префектурата Акита во Јапонија, кое Путин го доби од гувернерот на областа во знак на благодарност за помошта од Русија по тројната катастрофа од март 2011-та (земјотресот, цунамито, Фукушима). Во ланскиот календар, пак, ја има славната фотографија од Путин додека полугол лови риба.
Comments are closed for this post.