„Декриминилизација сега“ е мотото под кое денеска сексуалните работници во Скопје го оддржаа традиционалниот Марш на црвениот чадор во рамките на кампањата за одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 17-ти декември.
На улицата „Македонија“, сексуалните работници по 10. пат бараа заштита и подобрување на нивните права.
Повторно апелираме до надлежните во државата да најдат начин да ја декриминализираат нашата работа. Со тоа ние ќе добиеме право на социјална и здравствена заштита. Често сме изложени на различен вид насилство, а не добиваме никаква заштита. Kолку пати се случило нашите клиенти да не ни платат, да нè повредат физички, да нè остават со возилата голи на пат, и затоа бараме нашата работа да биде дел од системот за да ги оствариме нашите основни човекови права“, велат сексуалните работнички.
Како што појаснија организаторите, Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, главни цели на организацијата е промовирање на сексуалната работа.
Comments are closed for this post.