Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Како што соопштија од МНР, Димитров ја потенцирал важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во поддршка на реформските процеси на Владата со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат.

За време на средбата соговорниците размениле мислења за планираното реализирање на програмските цели на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со посебен акцент на соработката со ОБСЕ во поддршката на реформските процеси.