Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.
Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес – напиша Боцевски на својот Фејсбук профил.
Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега, како што наведува, соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.
Укинати се визите за македонските 🇲🇰 граѓани и за Колумбија 🇨🇴, најбрзо растечката економија на континетот, втората…
Posted by Ivica Bocevski on Monday, December 17, 2018
Comments are closed for this post.