Најмалку 40 луѓе се повредени при експлозија во ресторан во Сапоро, главниот град на јапонскиот остров Хокаидо. Според полицијата, во инцидентот најголем број од повредените се здобиле со повреди од среден степен, а едно лице се наоѓа во тешка состојба.
Како што пренесуваат јапонските медиуми, по екслозијата се почувствувал силен мирис на гас.
Полицијата го затвори реонот околу опожарениот ресторан, поради опасност од други експлозии.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а ресторанот е целосно уништен.
Се уште не се познати причините за експлозијата.
Massive explosion has ripped through a restaurant in #Sapporo, northern #Japan. Preliminary reports of at least 40 injuries. pic.twitter.com/eUKPpIkN0H
— World News (@worldnewsevery) December 16, 2018
Comments are closed for this post.