Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го назначи Мик Малвејни за вршител на должноста шеф на неговиот Кабинет.
Малвејни сега е раководител на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа. Тој е поранешен конгресмен – републиканец од Јужна Каролина.
Среќен сум што можам да соопштам дека Мик Малвејни, директор на Белата куќа за буџет, ќе биде назначен за привремен шеф на канцеларијата на Белата куќа за да го замени генералот Џон Кели, кој се истакна служејќи и на нашата земја, напиша Трамп на Твитер.
Претседателот на САД нагласи дека со нетрпение очекува да соработува со Малвејни, „кој ќе ја преземе новата функција додека продолжуваме да ја правиме Америка повторно голема“.
I am pleased to announce that Mick Mulvaney, Director of the Office of Management & Budget, will be named Acting White House Chief of Staff, replacing General John Kelly, who has served our Country with distinction. Mick has done an outstanding job while in the Administration….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 14, 2018
….I look forward to working with him in this new capacity as we continue to MAKE AMERICA GREAT AGAIN! John will be staying until the end of the year. He is a GREAT PATRIOT and I want to personally thank him for his service!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 14, 2018
Џон Кели ќе се повлече како шеф на мојата канцеларија на крајот од годината, потсети Трамп.
Тој го нарече Кели „голем патриот“ и притоа му се заблагодари за неговата служба.
Пред да стане шеф на канцеларијата на американскиот претседател, во јули минатата година, пензионираниот генерал Кели беше министер за безбедност.
Comments are closed for this post.