Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега. Извори за Телма велат дека станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија.
Дали Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Предметот се уште не бил испратен во СЈО кое треба да даде мислење.
Ова е најголемата сума што до сега некој ја понудил како гаранција во судот, барем според тоа што е објавено во јавноста.
Минатата недела на Камчев му беше продолжен притворот за предметот „Империја“ за нови 30 дена.
Comments are closed for this post.