Долниот дом на полскиот Парламент и изгласа доверба на Владата, предводена од националистичката партија Право и Правда (ПиС).
За Владата гласаа 231 пратеник, 181 беа против, а два пратеника беа воздржани.
Право и Правда има 236 пратеници од вкупно 460, колку што го сочинуваат Долниот дом на Парламентот.
Поддршката на Владата беше разнишана со корупциски скандал во Управата за финансиска супервизија, кој излезе на виделина минатиот месец.
Comments are closed for this post.