Францускиот премиер, Едуард Филип соопшти дека претседателот Емануел Макрон одлучил „да ја зголеми воената мобилизација“ во рамки на операцијата „Стражар“ (Сентинел), еден ден по смртоносниот напад во Стразбур.

„Стражар“ е безбедносна операција која почна по нападот во Париз во 2015 година, во рамки на која 10.000 војници и 4.700 полицајци и жандарми обезбедуваат чувствителни локации од терористички напади.

Станува збор за околу 500 нови војници кои од денеска се вклучени во операцијата и 1.300, кои ќе се придружат во наредните денови. Тие ќе бидат ангажирани во обезбедувањето и гарантирањето на безбедноста на Французите – соопшти Филип.

Францускиот премиер изјави дека целта на ваквата одлиука е „обезбедување на мастата на јавни собири“, првенствено на божиќните саеми низ целата земја.