Дел од корисниците од улиците „Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар утре од 9.00 часот ќе бидат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со работата.
Comments are closed for this post.